Пола мандат на Димитров му помина во лајкови 👍за добиениот лажен датум и стипендијата, а другата половина во плачење за тоа кои други актери се криви за неговите неуспеси, пишува поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски.

Анализирајќи ја работата на вицепремиерот за надворешни работи, Милошоски потсетува дека Димитров во 2018 година ја манипулираше јавноста дека ги решил сите спорови со соседите, па дека сме добиле датум за преговори, па бегаше со месеци од Собранието, а денес се заканува дека интерпелацијата за него е закана за државата.

Старомоден его-трип денес е било кој министер да се поистоветува со државата, а, интерпелацијата не е закана, туку демократска контролна алатка за секој владин функционер, утврдена во членот 45 од Деловникот на Собранието, од кое размазениот Димитров бега со месеци, забележува Милошоски и додава дека Димитров сепак има избор – за да ја избегне интерпелацијата, да поднесе оставка, како што побара од него и поранешниот пратеник Александар Кирацовски.

📌Министерот што во 2️⃣0️⃣1️⃣8️⃣ година ја манипулираше јавноста дека ги решил сите спорови со соседите на “Нашата Земја” и затоа добиваме безусловен датум за ЕУ, денес плаче што условувањето на Македонија И донесе неколку вета, и многу понижувања. За ваквиот дебакл на надворешната политика не е крива градоначалничката на Арачиново Милкие Халими, туку вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров❗
📌Дополнително, министерот кој пола година бега од Собранието сега тврди дека најавата за негова интерпелација била закана за него и за државата?! Боже, Петра, каков плачко! Прво, старомоден его-трип денес е било кој министер да се поистоветува со државата, па макар тоа бил и во 2018 избраниот маж-со-стил на годината на гала вечерата во “Тренд Бар”. Второ, интерпелацијата не е закана, туку демократска контролна алатка за секој владин функционер, утврдена во членот 45 од Деловникот на Собранието, од кое размазениот Димитров бега со месеци.
📌Решение за избегнување на интерпелацијата е поднесувањето оставка, нешто што веќе и блискиот соработник на Заев од Битола, Кирацовски, јавно го побара од Димитров. Но, без разлика на внатревладините интриги околу тоа дали Заев, Димитров или Османи е поодговорен за дипломатскиот дебакл со лажниот датум и понижувачкото вето, размазениот министер сепак треба да го надмине стравот и да се појави пред пратениците за експликација на неуспехот❗

Дали интерпелацијата за Димитров е закана?

Пола мандат на Димитров му помина во лајкови 👍за добиениот лажен датум и…

Posted by Antonio Miloshoski on Monday, 14 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.