На 8 август 2001 година десет резервисти на македонските безбедносни сили беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна се движел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот наишол на заседа организирана од вооружените силите на Ослободителната Народна Армија (ОНА) во текот на воениот конфликт во 2001 година.
Во 9:30 часот бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав на македонските сили. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.
Оваа слика нека им служи за вечен помен на овие десетмина македонски бранители кои го дале најсветото нешто за Македонија – сопствениот живот, оставајќи сопруги, мајки, татковци, синови и ќерки, цели фамилии во црно. Загинаа:
Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
Ердован Шабаноски (20) ─ од Прилеп
Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
Веби Рушитоски (26) ─ од Прилеп
Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле
На овој црн ден, македонските бранители прашуваат: Дали хероите го добија заслуженото место во историјата или свесно бегаме од нив?
Честувањата по повод 19 години од масакрот кај Карпалак започна со полагање на цвеќиња на спомен обележјето во касарната „Мирче Ацев“, а денес ќе продолжи на местото на настанот и во центарот на Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.