Градоначалникот Георгиески на својата турнеја во Белград ја предаде историски вредната ограда од вилата „Билјана“, во време кога Охрид и граѓаните тонат во сериозни проблеми, а недостасува и вниманието за нашето културно богатство, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид во денешното соопштение.
–Што добија Охрид и Македонија за возврат од тоа што Георгиески зад флоскулата на пријателство ја однесе оградата? Дали Георгиески знае дека пријателството е двостран однос и дали во знак на пријателството од Белград ќе се врати со златните маски од Требеништа како и со охридските длаборези што ги красат тамошните институции и музеи, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Тие, како што наведуваат во соопштението, за ваквиот чин ќе бараат одговори и ќе се обратат до Управата за заштита на културното и историско наследство, Министерството за култура, и МНР, со единствена цел, изнесувањето на културни артефакти од Македонија да не биде само самоволен чин на еден градоначалник, туку осмислена државна политика од која заслужена корист ќе има и Охрид и Македонија.
Уметнички обработената железна ограда била поставена во 1936 до 1956 година кога е отстранета, а денеска вратениот дел се наоѓал во вилата Биљана во Охрид.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, изјави дека примопредавањето на дел од оградата е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид.
Ова е гест на пријателство и поврзување помеѓу двата народи и унапредување на соработката помеѓу Охрид и Република Македонија со Република Србија, како на полето на културата, туризмот, бизнисот и секако на зајакнување на политичките односи меѓу двете држави – изјави Георгиевски.
Георгиевски потенцираше дека во Охрид ќе биде донесена одлука сите посетители од Србија да бидат ослободени од плаќање паркинг во тој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.