Се погласни се информациите дека газдата на пропаднатата „СВ Инвест“, кој се поврзува со Вице Заев е избеган во САД, велат од ВМРО ДПМНЕ. Ова се поклопува со обелоденувањето дека фамозната фирма „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски, еден од луѓето кој со Вице Заев одземал тендери на компании кои што си добиле во РЕК Битола и праќал луѓе со Васко Ковачевски, кој што е директор на ЕЛЕМ, кај Вице да плаќаат рекет и покрај заработените милиони во РЕК Битола, на 22 март оваа година објавила отпочнување на стечајна постапка. Практично тоа значи дека отишла во стечај и се затвора, прикривајќи ги на тој начин незаконските дејствија што таму се правеле.
Газдата на „СВ Инвест“ Стојан Чифлигароски според документите кои ги доставија до ВМРО-ДПМНЕ свиркачи од врвот на СДСМ е лицето за кое е вршен притисок врз сопствениците на „Рубитон“ да ја отстапат работата во РЕК Битола или ако не сакаат да платат 250.000 евра во кеш на Вице.
Според информациите на ВМРО ДПМНЕ, фирмата која од година во година и растел профитот по 50, 100 и 200 проценти, и во 2019-тата година заработила 2.5 милиони евра оданочени, отпочнала стечајна постапка за неизмирено побарување од нешто над 250.000 евра.
Очигледно е дека сакаат оваа фирма свесно да ја затворат сите инволвирани во криминалот и да ја стават во стечај за да не ги поврзува ништо, ама баш ништо, ниту Столе ниту било кој друг со криминалот во РЕК Битола. Но, тоа се само нивни желби и тоа не оди така. Не може со затворање на фирма да се амнестираат делата доколку ги има и доколку е направен криминал, а видовме по пријавата дека ги има, на било кој инволвиран во целиот случај од пријавата – изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски при обелоденување на информациите за стечај на СВ Инвест.
Арсовски потсети дека Столе Чифлигароски сопственикот на „СВ Инвест“ и индиректно Вице Заев, преку „СВ Инвест“ се обиделе да изнудат тендер, без да исполнуваат услови за да го добијат тендерот, од фирма која си го добила на јавен повик во РЕК Битола и притоа да направат штета на компанијата на која што и го изнудиле тендерот од нешто повеќе од над половина милион евра. Дополнително, истите тие луѓе, барале 250.000 евра рекет во кеш од сопствениците на компанијата да однесат во Струмица.
Рекет, почитувани граѓани, исто како на филмовите. Зошто токму баш сега се отвора оваа стечајна постапка на фирмата „СВ Инвест“ од Битола? Дали тоа значи дека постои можност да сопственикот на фирмата ја напушти државата со парите со кои што ги заработил од РЕК Битола и да избега и да не може да биде достапен и на располагање на органите за случајот за рекет од 250.000 евра и изнуда на тендер во РЕК Битола? МВР и ЈО треба да преземат мерки уште веднаш, да го отворат случајот и да ги обезбедат на било каков начин сите инволвирани. Во спротивно институциите им помагаат на сите инволвирани да го заштитат криминалот и да ги изнесат парите надвор од државата – истакна Арсовски.
Од ВМРО ДПМНЕ нагласуваат дека јавноста уште нема информации каква е поврзаноста на газдата на „СВ Инвест“ и Вице Заев? Но и зошто Вице нема дадено исказ во ЈО?
Од документите се гледа дека целиот државен апарат е ставен во функција на Заеви.
Цел лист од пријавата која МВР првично ја составила недостасува, а ЈО молчи. Го нема Вице, ги нема струмичаните на Заеви.
Ќе се најде ли маж во МВР што ќе го повика Вице Заев на распит?
Веќе се повеќе луѓе од врвот на СДСМ се одважуваат против струмичката криминална екипа на Заеви.
Четири години Заеви ја уништуваат Македонија. Четири години власт на Заев, четири години украден живот. Доста е – велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.