Голема прашина се крена околу најавата за изградба на фотоволтаична централа во Штип, проект кој беше промовиран од страна на премиерот Зоран Заев.

Се поставува прашањето дали е ова обид на мала врата да протне реализација на огромни бизнис зделки на француски и бугарски инвеститори во Македонија.

Инвестициите на „РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје” и  „ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје” к се регистрирани на иста адреса во Скопската населба Кисела вода. На една од овие компании сопственик и управител е Павел Валнев– политичар од Бугарија за кој има сомневања  дека е бизнис партнер на брат на Зоран Заев и висок владин функционер во владата на Зоран Заев во бизнисот со марихуана, објавува „Брегалнички.мк“.

Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови-изјави премиерот Зоран Заев пред неколку дена.

Но, премиерот Заев е должен да одговори на неколку прашања за овој проект.

  1. Под кои услови КИО ЕНЕРЏИ Франција ќе го користи земјиштето на кое ќе се гради посочената соларна централа? За потсетување на јавноста на ова земјиште требаше претходно да се гради карго аеродром за извоз на земјоделските производи од Брегалничкиот регион од кои патем егзистираат голем број земјоделски стопанства.
  2. Дали за производителите на земјоделски производи Владата планира да најде соодветна замена за пласманот на нивните земјоделски производи бидејки опцијата за карго аеродром и авио-транспорт на земјоделските производи отпадна?
  3. Дали со доделувањето на ова земјиште, граѓаните кај кои беше извршена присилна експропријација за изградба на карго аеродромот во рамки на кои им беа одземани земјоделски парцели во Штип по цена од 5 евра по метар квадратен, не се измамени и оштетени и дали ќе имаат можност за дополнително обесштетување од страна на државата?
  4. Дали е извршено проценка на вредноста на посочените 452 хектари на површина на која ќе се гради новата фотоволтаична централа од страна на владата? Според наши пресметки станува збор за 4.520.000 м2 X 5 евра/м2=22,6 милиони евра -првична вредност. Меѓутоа цената на на вака окрупната парцела споредена на цената на индивидуални парцели кои се експроприрани по 5 евра за м2 драстично се зголемува кај потенцијални инвеститори.
  5. Зошто Владата не го забрза процесот за реализација на проектите за изградба на фотоволтаични централи од домашните Македонски фирми во рамки на неодамнешниот повик на Министерството за економија на кој што се пријавија над 100 македонски фирми со вкупна инсталирана моќност од над 200 MW електрична енергија, туку само екслузивно се афирмираат странските инвестиции во овој сектор? Бидејки нели следува енергетска криза за која владата наводно е загрижена? Сите овие стотина домашни инвеститори кои што сакаат да инвестираат во фотоволтаици можат со една одлука на влада да добијат проширување на квотата која во рамки на повикот од Министерството за економија беше за 80 MW и да започнат со реализација на своите инвестиции БЕЗ ДА МОРА ДРЖАВАТА ДА ДАВА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА БЕЗ ПАРИ (како за овие т.н. стратешки инвестициони проекти).
  6. Дали за потребите на овие стратешки инвестициски проекти во месец мај 2021 година владата ја задолжи ЕСМ да изработи студија за изградба на фотонапонска електрана во Штип?
  7. Колку Буџетски пари или пари од јавни претпријатија се потрошени за реализацијата на овие проекти досега?
  8. Дали во изминатите 3 години намерно се руинираше електро-енергетскиот систем во државата од страна на властите со цел Македонија да се доведе во подредена улога на драматична енергетска криза за да биде зависна од овие странски инвестиции во кои не се дефинирани транспарентно обврските на владата/државата/граѓаните во овие т.н. стратешки инвестициони проекти?

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.