За во 17,30 часот Владата закажа прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, а повод е трагедијата која се случи синоќа во Тетово, кога до темел изгоре ковид-центарот, а животот го загубија 14 пациенти, а 12 се повредени. Се поставува прашањето дали Филипче денеска ќе поднесе одговорност и ќе поднесе оставка поради оваа трагедија.

Синоќа, веднаш по несреќата, во Тетово допатуваа Филипче, премиерот Зоран Заев, потоа лидерот на ДУИ Али Ахмети кои веднаш се упатија во Кризниот штаб во Тетово. Изјава не даде никој од нив. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи синоќа кратко се појави во јавноста, а денеска излезе да соопшти дека во Тетово е прогласена тридневна жалост поради несреќата.

Министерството за здравство и Филипче досега со јавноста комуниции преку соопштенија и преку социјалните мрежи. Прес-конференцијата на Филиче денеска во 17,30 часот е прво јавно обраќање по несреќата во Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.