Директорот на Оперативно-техничката агенција, Зоран Ангеловски, рече дека Агенцијата мора да ја спроведе судската наредба и нема право мериторно да одлучува дали нешто ќе се следи или не.

Одлуката дали еден број треба да се следи е одлука на судот. За тоа постои соодветно образложение во наредбата што стигнува и до ОТА. Наредбата е уредена со правилник меѓу Министерството за правда и судовите, истакна Ангеловски.

Тој укажува дека анонимизацијата на наредбите е уредена со правилник координиран меѓу Министерството за правда и судовите.

Има два вида на судски наредби, едната е за ОТА во која не знаеме за кое лице се работи. Има и втор пример на наредба за потребите на контрола и надзор во која броевите ги нема. Зошто тоа е така не е прашање за ОТА, вели Ангеловски

Царинската управа и Финансиската полиција се уште ја немаат потребна опрема за да го добијат сигналот од ОТА за следење на телекомуникациите. Во извештајот за работата на Царинската управа е наведено дека таа е подготвена од аспект на обезбедени простории за вградување на опремата, изготвена систематизација и прават планови за крадовско екипирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.