Додека нашите сограѓани ги губат своите животи, бандата и натаму е фокусирана на криминал и корупција. Народот трпи, додека државните функционери на СДСМ местат тендери, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека скандалозно е во услови на вонредна состојба и светска пандемија, функционерите на СДСМ да се занимаваат со доделување тендери во 4 очи на луѓе блиски до власта наместо со здравјето на граѓаните и подобрување на економската состојба која во моментов е катастрофална.

Ниту епидемијата на опасниот коронавирус не ја спречи криминалната банда на СДСМ во четири очи како единствен понудувач да и додели тендер на фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица од ЈП Дрисла и Шилегов, во висина од над 12 милиони денари односно над 200.000 евра. Се поставува прашањето дали зад тендерскиот скандал со Дрисла има и роднинска спрега?

Дали е точно дека братучед на генералниот секретар во Владата, Драги Рашкоски го добил тендерот од 12 милиони денари, а оној кој го доделил пак е братучед на неговста сопруга?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека одговор на прашањето дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов мора да има.

Во Република Македонија, велат од партијата, се повторува историјатa.

Јавноста е сведок на повторување од криминалната транзицијата кога илјадници граѓани останаа на улица, а олигарсите на СДСМ ги наполнија џебовите со парите на народот. Македонските граѓани ова нема да го дозволат, следува казна за криминалот и корупцијата во време на вонредна состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.