Специјалното обвинителство не споделува детали ниту пак се знае кој е обвинет, а кој сведок. Ова е особено интересно ако се знае дека на почетокот на септември и лидерот на ДУИ, Али Ахмети треба да даде исказ пред хашките истражители.
-Ние не кажуваме детали за било што во врска со нашата истрага. Информацијата која вие ја кажувате, мислам дека доаѓа од самиот г-дин Ахмети. Ние немаме споделено никаква информација за секој што се појавил, во која било фаза или со кого било разговарано. Едноставно, ние не споделуваме информации за истрагата. Кога настаните и постапките ќе бидат јавни, тогаш ќе објавиме информации и за тоа. Но, ништо претходно не е за јавност, изјави за Телма Кристофер Бенет, портпарол на косовското специјално обвинителство.
И косовските власти, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Весели во Хашкиот суд најпрво беа повикани како сведоци па подоцна за дел од нив беа покренати обвиненија.
Потребата за основање Специјален суд за воени злосторства на Косово се појави по истрагата на специјалниот пратеник на Советот на Европа, швајцарскиот сенатор Дик Марти. Неговиот извештај, претставен во Советот на Европа, ги товари бившите членови на ОВК за киднапирање припадници на малцинствата, нивно малтрерирање, убиства без судења, па сѐ до трговија со човечки органи. Сите овие тврдења бившите лидери на ОВК ги отфрлаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.