Снежана Лупевска Созен, новинарката и авторка на емисијата „Код“ се прашува дали одлуката на Владата да создаде оперативен систем кој ќе бие битка со криминалот е создавање на паралелен систем?

„Па дали е ова можно!? Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега.
Оваа иста Влада има МВР има финансиска полиција и уште едно чудо институции кои требало да делуваат, а очигледно не делувале! Што е ова, паралелен систем !?”, прашува Лупевска по најавата од Владата за новото тело.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.