Гласање на доверба на владата ќе има но каква?. Ова прашање се наметнува откако Скендер Реџепи, пратеникот од Алтернатива кој прво се потпиша на листата а потоа се пишманеше сега најавува нова иницијатива.

Нејасно е кој ќе биде потпишан на оваа иницијативата која според Деловникот треба да биде потпишана од 20  пратеници. Скендери во образложението зошто можеби нема да гласа за доверба на владата наведе дека не сака неговиот потпис да стој до тие на Левица.

Но, сега се поставува прашањето дали Џафери ќе ја прифати новата иницијатива која ќе биде со потписи на други пратеници и дали може старата да се повлече.

И што ќе значи тоа, дали новото барање ќе го замени старото и дали процедурата според најавата утре или ќе се бара друг термин.

Многу прашања, а одговорот е кај Џафери!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.