Две комбинации за формирање нова влада, врз основа на се уште нецелосните резултати од вчерашните избори веќе се појавија во медиумите.

Првата е, коалицијата „Можеме“ новата влада да влезе со старите партнери ДУИ. Двете партии вкупно би го формирале потребното мнозинството од 61 пратеник. Втората комбинација која е многу тешко за реализирање е во новата владата СДСМ да влезе со коалицијата Алијанса и Алтернатива, плус ДПА и Левица, пишува „Слободен печат“.

Од друга страна, по вечрашната најава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека се подготвени за преговори за нова влада, теоретски, оваа партија би можела да влезе во игра доколку доколку постигне договор со ДУИ плус Левица.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, изјави дека мандатот ќе го даде на оној кој ќе му донесе потписи од 61 сигурни пратеници кои би го формирале парементарното мнозинство кое и би фрмирало стабилна влада.

Никој не зборува дека во игра е и Али Ахмети и ДУИ.

Доколку партијата и натаму игра на сегашната „добитна“ комбинација со воведување во игра на прв Албанец – премиер, многу е извесно дека интегративците нема да ја испуштат можноста – со 15 мандати – да покажат и докажат дека се фактор.

Изјавите во изминативе недели од претставници на ДУИ одеа во правец дека „се што ДУИ досега намисли – оствари“ кое кулминираше со вчерашното „Орелот се врати“ на лидерот Али Ахмети.

Многу е очекувано дека доколку СДСМ не успее да ги „кооптира“ ДУИ во коалиција со која би добиле 61 претении, или доколку не успее коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ + Левица за 61 претеник, Ахмети ќе почека Пендаровски на оваа партѕија да ѝ додели мандат за формирање влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.