Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали д-р Јорданчо Савески, дедото на министерот за здарвство, Венко Филипче, бил во Занзибар заедно со пациентите заболени од африканската мутација на корона вирусот и дали по враќањето од Африка, д-р Савески бил во карантин.
Венко Филипче да одговори дали неговиот дедо, д-р Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој на Ковид-19 и дали потоа отишол во карантин?!
Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на Ковид-19, исто како што беше Цаца Билјановска?
Додека народот се мачи со Ковид, илјадници умреа, фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации.
Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.