Јасно е дека сме далеку од демократија во Македонија, кога дури и во 21 век мизогенијата како однос заснован врз омраза и идејата дека жените се инфериорни поради нивниот пол е начин на живот на одредени луѓе, пишува на фејсбук, Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Индивидуалните изливи на мизогенија можеби делуваат бенигно, но имаат тенденција да создадат опкружување базирано на заплашување, страв и несигурност, со цел општо прифаќање дека е оправдано насилството врз жените. Истите тие луѓе што вербално напаѓаат жени, немаат храброст да го сторат истото кога имаат наспроти себе маж, што кажува многу за нив нели?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.