Бизнисменот кој во декември 2019 година беше застрелан во белградскиот хотел „Краун плаза“ во оперативните извештааи ја западните служби е означен како „експонент на руските служби на Балканот, а пред сè во Црна Гора и Србија“. Станува збор за биснис-партнерот на Зоран Заев, Али Ахмети и Теута Арифи, Миодраг Давидовиќ Дака, а истрагата за неговиот атетнат одела во два правци – руските врски и нерасчистени сметки во трговија со оружје.

Дака ѝ е познат на македонската јавност од јуни оваа година, кога опозицијата објави снимки на кои разговараат српскиот биснисмен и Зоран Милевски Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев.

Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашковски дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името.

Дака главен руски играч во Црна Гора, во Македонија изведувачи Заев и Теута Арифи

Дака станува повторно актуелен по изборите во Црна Гора, на кои победи опозицијата. Аналитичарите од регионот тврдат дека Давидовиќ Дака како екстремен проруски бизнисмен ги финансирал политичките противници на Мило Ѓукановиќ кои победија на последните избори и кои најверојатно ќе ја формираат следната влада. Иако Здравко Кривокапиќ најверојатно ќе биде идниот премиер на Црна Гора и е формален лидер на широката ултрадесна „Вучиќ-Амфилохије“ коалиција, која на изборите настапи под името “За иднина на Црна Гора“, вистинскиот шеф на коалицијата е Миодраг Дака Давидовиќ, пишува Ал Џезира Балканс.

Во анализата, новинариот Андреј Николаидис пренесува свое интервју за Индекс.хр, во кое вели дека ‘рбетот и главата на црковно-Вучиќевата коалиција е Дака Давидовиќ.

Тој човек има големо искуство во демократизација и европеизација: беше воен министер на Караџиќ во САО Херцеговина. Нема сомнение дека е компетентен за европеизација и демократизација, што би можело тука да појде низбрдо…Како ја глеам блиската иднина – ќе состави коалиција која е шизофрена и составена само да го тргне Ѓукановиќ. Во ред, тоа е завршено, но срга кога тоа е завршено, што ја врзува таа колиција, ако се сложиме дека оа не е европеизација и демократизација, а многу сум сигурен дека тоа не им е проиритет на Дака Давидовиќ и Амфилохије Радовиќ, кој со најголемо гадење зборува за ЕУ и европската цивилизација. Кога ќе го тргнеме тоа, што ќе ги држи заедно?“, коментира тој.

И аналитичарот Шеки Радончиќ тврди дека Русија, Белград и Српската православна црква помогнале да победат великосрпските интереси во Црна Гора.
Главен финансиер, според Радончиќ, на оваа коалиција е Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ, кој во Македонија се поврзува со олема корупциска афера.

Се зборува дека Ѓукаковиќ ќе ги изгуби изборите поради корупција. Секако, таа теза не држи од проста причина што голем придонес за проектот „голема Србија“ имаат луѓе кои имаат сериозен проблем со законот….. најпрво главниот финансиер Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ, кој во Македонија се поврзува со олема корупциска афера…. 

Радончиќ заклучува декае јасно дека не се работи за борба против корупција, туку за настојувањето на Црна Гора да ѝ се одземе државноста, да стане нова Војводина или во најдобар случај ентитет како Република Српска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.