Носителот на изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија Дафина Стојаноска, и неколкумина кандидати за пратеници во рамки на предизборната кампања имаа средба со сопственикот на една од најстарите и слаткарници „Рекорд“ во Гостивар.
Таа по средбата рече дека сопственикот е еден од вистинските гостиварски еснафчии.
Збор еснафчии за секој вреден гостиварец и приватен стопанственик значи многу. Еснафот кај нас е синоним за чесност. И жалам што имавме можност две и пол години да имаме премиер без „е“ од еснаф. Што се однесува до „е“ од европските вредности за кои што велеше дека се неговиот избран пат нѝ останаа само евро за бате и евро за црквата и она „е“ кое што им го порача на македонскиот народ и на сите негови соработници, истакна Стојаноска.
Стојаноска од Гостивар ја побра поддршката од сограѓаните со порака дека на 15 јули изборот ќе биде помеѓу еснафот и криминалот или помеѓу чесноста и свитканата кичма и дека на 15 јули изборот е бројот 14 за исправена Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.