По состаноците на министрите за надворешни работи на Србија и Република Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Димитров во Ниш, беше објавено дека  Македонија ќе ги отвори своите граници за патниците од Србија и другите земји до крајот на месецот, пренесе РТС.

Првичниот план на Владата беше датумот да биде на 15 јуни, но тој ќе биде утврден во зависност од развојот на епидемиолошката состојба во државава.

Министерот Дачиќ најави трилатерална средба со колегите од Грција и од Македонија, на која ќе се разговара за деталите за преминот на патниците низ овие три земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.