Актерот Драган Спасов Дац на трибината на Сптево Пендаровски, Зоран Заев и Радмила Шекеринска во Карпош му подари метла на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за чистката што ја најави по вториот круг од претседателските избори.

Заев се заблагодари и рече дека добро ќе му дојде, а Стево Пендаровски праша дали ќе биде доволно само една.

Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака, рече Зоран Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори.

Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака „Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака“, изјави Зсев.

Тој најави големи промени, но и вети дека во вториот круг ќе освојат повеќе гласови и со нивниот кандидат Стево Пендаровски убедливо ќе победат, бидејќи не смее да се дозволи враќање на гуевизмот.

Загрижени сме, но тоа не става во позиција да одработиме и доработиме како што треба. Слушајте што кажувам, зборот е збор, 100.000 разлика во вториот круг, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.