Не стивнуваат реакциите по изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека Македонија иако можела, не ги набавила прва вакините за да не помислат граѓаните дека вакцините се тестираат на нас.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски „им заблагодарува“ на „мудрите владари“ што не дозволиле и ние да бидеме заморчиња како Бајден и Камала во САД, Брнабиќ и Рама на Балканот.
Да живее севернокорејската пропагандна машинерија на Илиденска бр. 2, пишува Стоилковски објавувајќи фотографии од вакцинирањето на српската премиерка и премиерот на Албанија.
Нашите мудри владари не дозволија да бидеме заморчиња како Бајден и Камала во САД, Брнабиќ и Рама на Балканот. Да живее севернокорејската пропагандна машинерија на Илиденска бр2.
Posted by Naum Stoilkovski on Thursday, 28 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.