Ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ги негира информациите дека е во бегство и откако завчера Врховниот суд и ја одби жалбата на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна.

Глупости се тоа. Дома сум. Кој сака нека повели на кафе. Да ви испратам локација, селфи, не знам што да ви кажам – изјавила Јанкулоска за А1 он.

Според процедурите, Врховниот суд треба прво да ја испрати пресудата до Кривичен, а судија за извршување на санкции да ѝ даде упатен акт за во затвор на Јанкулоска.

Од МВР велат дека се преземени стандардни полициски оперативни мерки и активности, но дека од судот немаат добиено никаква наредба за спроведување на Јанкулоска.

Јанкулоска се огласи и на социјалните мрежи.

Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша Јанкулоска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.