Овие или се зае*аваат со нас или се за на психијатар, вели актерот Сашо Тасевски за новите мерки понудени од власта на СДСМ, со кои на одредена група на граѓани ќе им се доделуваат ваучери за летување во Македонија во вредност од 6.000 денари.
Ај вака… Тебе Оливер или тебе Рада или тебе Зоки, кој и да е од вас, да ви дадам 6000 денари и да ви кажам еве ти за на одмор да одиш со париве, нема да ми викнете психијатар да ме прегледа?
Не, стварно? Или ќе помислите дека сум откачил ко федер или ќе се навредите зашто дрско ве заебавам, Не е така?
Е па така ни е и на нас ко ни нудите толкаво богатство. Си мислиме, овие или се заебаваат со нас или се за на психијатар, пишува актерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.