СМС-пораки, пораки на вибер, телефонски јавувања – вжештена е линијата на една партија која има предложено свои кандидати за градоначалници на скопските општини.
Се јавуваме од месниот штаб, да ве потсетиме да гласате за победа на нашиот градоначалник, гласи кусата порака што ја добиваат скопјани.
Жители на скопска општина сведочат дека и рано утрово добиле порака со насока за гласање.
Добро утро другари, да дадеме се од себе …… повторно да владееме со нашата општина на чело со нашиот градоначалник. Победа во прв круг!, е дел од пораката, која Република се уште не смее целосно да ја објави поради изборниот молк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.