Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук ги повика Владата и министерот за здравство Венко Филипче да ги ослободат од работа бремените жени.

Мицкоски во пораката нагласува дека поради загадувањето и пандемијата овие лица се во посебен ризик.

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на #COVID, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик.
Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.
Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки.
Да спасиме живот!, 
напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на #COVID, апелирам бремените жени да се ослободат од…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 28 October 2020

Вчера Мицкоски упати барање да бидат ослободени од работа хронично болните, посебно оние со белодробни заболувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.