Димитар Атанасовски денеска ѝ порача на Катерина Колозова, извршната директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје да ја прошета Македонија и да види колку пати ќе го сретне симболот со сонцето, за кој таа вели дека ништо не ни значи.

Сонцето ништо не ни значи, никогаш не било дел од нашиот фолклор, нигде никаде, ниту од симболизмот патриотски – во 90-ти го лансираше службашот Тодор Петров. Ова е новокомпониран патриотизам: антички, и во суштина антимакедонски, пишува Колозова.

Атанасовски вели Колозова, ќерка на починатиот актер Ѓорги Колозов, кој јавноста најмногу го препознава по улогите на цар во македонските народни приказни, да го смени презимето.

Да си смениш презимето, зошто царот да беше жив, бог да го прости, ќе те ишишаше на спиење за казна. И не е лошо да ја прошеташ Македонија, ќе се изненадиш колку пати ќе го видиш овој ‘симбол’ во објекти многу постари од твоиве глупости, и порача Атанасовски на Колозова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.