Македонци, браќа и сестри да си ja вратиме државата да се избориме за неa. Кренете ги главите гордо високо. Овој црн ден ќе биде осветлен со нова зора исто како што ќе бидат осветлени и сите они минати црнила кои што се позади нас. Ние сме ВМРО и нема да не скршат, ВМРО е народот, а народот е Македонија. Хартијата трпи се, но во срцата остануваме она што сме и она што ќе бидеме македонци а нашата татковина беше, е и ќе остане Република Македонија. И по сите студови и ладни денови, по сите дождови и ветрови остануваме како ВМРО-ДПМНЕ со народот и никогаш не смееме тоа да го заборавиме. Не смееме да ги повториме грешките од минатото. ВМРО-ДПМНЕ е со народот и кога ќе ја формираме идната влада на Република Македонија така треба и да останеме. Да работиме само за народот на Република Македонија и да бидеме меѓу народот – порача Христијан Мицкоски во вечерашното обраќање пред граѓаните кои се собра пред Собранието на Република Македонија.
Тие го искажуваат револтот од политиката која ја спроведува актуелната власт, а која води до промена на уставното име. Мицкоски на протестот порача:
Да си ја вратиме Македонија, заеднички да ја изградиме нашата среќа да се избориме за нашата иднина. Да живее Македонија, ова име кое се изговара со чест и длабока емоција. Да живее Македонија, збор кој се изговара со
внимание, со гордост во срцата, и силна енергија. Со посебно чувство, и почит и наклон. Македонија е нашата љубов, заедничка емоција, нашиот завет, нашата татковина, и дедовина. Македонија останува нашата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.