Министерството за здравство ѝ препорача на Владата да се ограничат масовните јавни собири, според Законот за заразни болести.

Предлогот е доставен до Владата и се очекува на денешната владина седница да се донесе одлука.

Според предлогот, забраната треба да важи една недела, а потоа Министерството дополнително ќе носи одлука за подолго време, ако има потреба. Забраната се однесува на сите јавни собири, и на отворено и во затворен простор. Тоа значи дека ќе се откажат карневалите во Струмица и во Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.