Да се уништи најплодната земја во Македонија со отпад од 48 општини е злосторство, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за најавите на премиерот Зоран Заев дека компании од Луксембург се заинтересирани за изградба на капацитет во општина Неготино за согорување на отпад од 48 општини од Македонија и производство на енергија.
Ова е многу битно имавме проблем и тука во охридскиот регион ако се сеќавате на една иницијатива за изградба на депонија во Дебрца гледам сега дека се помести локацијата за Неготино неколку работи сакам да искоментирам прво таму е најплодната земја во цела Македонија и да се уништи најплодната земја во Македонија на начин што отпадот од 48 општини ќе се слева на едно место и тој отпад ќе ја загадува околината мислам дека е злосторство кон целокупното население кое што живее и во Кавадарци и во Неготино и во Демир Капија и во Росоман, порача Николоски од Охрид.
Тој напомена и дека Луксембург е добро позната дестинација за оф-шор компании, односно за компании со сомнителен капитал и со сомнително сопствеништво кое не сакаат да го извадат сопствеништвото во јавност. Ние секако сме за квалитетно третирање на отпад, додаде Николоски, но не на овој начин и со овој метод што го прават.
Третата работа е дека планираат тоа да го направат нетранспарентно односно да не оди на јавен тендер или со јавен повик туку си еден специјален закон кој што го донесоа во собранието и последно и јас и Зоран Заев сме носители во четвртата изборна единица мислам дека беше чесно од Зоран Заев кога се натпреварувавме за гласовите на избирачите од четвртата изборна единица да им каже дека планира депонија која што ќе го собира сметот од 48 општини да се стави во срцето на Македонија во срцето на четвртата изборна единица и сум убеден дека во тој случај и тие кои гласаа немаше да го гласаат затоа што ова што се обидуваат сега да го направат заради профит е уништување на најплодната земја во Македонија, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.