Ова не е време за натпревар, суета, партиски или друг вид поделби. Ова е време на војна во која што секој човечки ресурс е потребен на располагање на државата и на СИТЕ, вели Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ, која додава дека електронското учење, односно користењето на мултимедија и интернет за образование на далечина не е новина, но оваа власт повеќе зборува и пишува препораки отколку што спроведува.

Таа потенцираше дека МОН ги задолжи наставниците без реално да се согледаат можностите и додаде дека не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година.

Мерките кои што денес ќе ги предложиме не се апсолутна новина. Дел од нив веќе се применуваат во современиот свет, а дел се адаптирани на наши услови.

 

Предлагаме:

1. Одлука со која полагањето на државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде укинато. Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември;

2. Школската година да заврши на 10-ти јуни;

3. Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.

4. Укинување на законските ограничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.