Кутро Тетово, кутри луѓе, кутра Македонија.
На празник, на неработен ден, каде веќе имало налудничав обид да се пресечат цевките за кислород, да се надеваме дека нема жртви.
Што и да е, ова е дел од нашата системска нефукционалност и негрижа.
Кога ќе се испитува што и како е, да се испита и квалитетот на тие модуларни болници кои беа платени уште пред да се монтираат.

Модуларните болници во Македонија ги градеше велешки Брако на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија.

Компанијата „Брако“ експресно го наплати поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, откако преку посебна сметка за итно справување со Ковид-19 на Министерството за труд и социјална политика веќе му се префрлени 3,62 милиони евра на добитникот на меѓународниот тендер.

Модуларната болница во Тетово иако изградена не беше пуштена во употреба до крајот на април годинава.

Модуларната ковид болница која се наоѓа во кругот на тетовската Клиничка болница иако изградена не е предадена во употреба до крајот на април годинава. При примопредавањето биле утврдени грешки во градежните работи кои сега треба да се отстранат.

„Вчера беше направено примопредавање на објектот од страна на фирмата што го градеше, при што беа дадени забелешки за изведбата. Една од нив е лошо направениот под. Изведувачот на работите доби рок од пет дена да ги отстрани грешките. Модуларната болница доби вода и електрична енергија, но сѐ уште не е приклучена на централниот довод за кислород. Во контакт сме со фирмата која го изведува централниот систем на кислород и ни рекоа дека таа работа можат да ја завршат за два-три дена, бидејќи веќе поставениот систем е многу блиску до модуларната болница и лесно може да се поврзе. Ако не излезат некои други технички проблеми, можно е објектот да биде пуштен во употреба во текот на наредната недела“, изјави Артан Етеми, економски директор на Клиничката болница во април годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.