Старите велат:” надевај се на најдоброто, а подготвувај се за најлошото”. Токму затоа пред два дена го упативме апелот за собирање на вода, ладен чај и сокови, но одзивот е навистина многу слаб: 3 пакети вода и 17 л. ладен чај.
Добивме апел од Пехчево каде што моментално има голем пожар и на волонтерите им е потребна вода за пиење.
Благодарение на Слаткарница КАРМЕН, пицерија Ла Гондола, Фортуна Јуниор и анонимен донатор, денес во 19.00 часот ќе појдеме со вода за пиење кон Пехчево, но апелот за собирање вода останува…
Бог да ве благослови!!! – напиша отец Оливер Петровски.

Со мала количина вода и сокови Хуманитарната организација Св. Спас се уати кон Пехчево. Но папелот за собирање помош продолжува. Се очекува поголемите компании да се вклучат во акцијата и да донираат вода и сокови за волонтерите кои учествуваат во акцијата подрачјата што се зафатени со пожари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.