Да не се заборави, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потсетувајќи дека во ноември 2019 година, Зоран Заев ветуваше дека два хеликоптера опремени за медицинска прва помош се ставаат на располагање на граѓаните, кои ќе добијат помош за 15 минути, каде и да се.
Сега, година и половина подоцна, еден човечки живот згасна затоа што никој не им изглегувал во пресрет на лекарите кои три часа болниот овчар го носеле на раце по непристапен терен, затоа што никој несакал да им испрати ниту џип, ниту трактор, а најмалку хеликоптер.
Затоа пак Заев може да лета до Прилеп со хеликоптер и уште да ја убедува јавноста дека тоа е поевтино до патување со автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.