Аха. Да не се обелоденеше скандалот со давање пасоши на балкански нарко дилери, таа европска практика на обиџуковото МВР ќе продолжеше којзнае до кога, коменрира Сашо Тасевски.
Еј повеќе од две години делеле оригинал пасоши на тешки кримоси и убијци. Директно од МВР, не преку талентирани фалсификатори. А бе официјално. Државата гарантира квалитет.
Ама трт! Паника и врева! Ги седнаа на врели костени. Се зезнавте што ги пуштивте дилерите од Грчец да киднат. Тие киднаа, ама вас тоа одма ве удри во чело. Диииинг!
Цела Европа виде дека сте јатаци на нарко дилери.
И сеа што прави Обиџуко генијалецот, ко го фатија со смкнати гаќи?
Апси ситна боранија од МВР.
А бе коњ, не е народот толку глуп, да не знае дека овде и било каде, пасоши не се делат ко флаери за журка без знаење на големите риби во полицијата и власта.
Сме гледале милион филмови и документарци, сме прочитале по некоја книга и знаеме како оди тоа.
Како бе сега ќе барате прием во ЕУ?
Еј ЕУ а бе да ни дадете датум?
Ауууу, датум? Чекај, не сте вие оние што делат пасоши на нарко дилери? Датум сакате? Мало сутра.
Ден не пропуштате да не ја понижите државава пред светот. Ова со пасошиве е врв. Личите на власт во некој колумбиски нарко регион од времето на Ескобар или Ел Чапо, а не на власт на европскиот континент.
Обиџуко параден коњу, оставка да си дадеш за оваа глупост! Одма!
Или и ти ко Филипче, не осеЧаш одговорност?, порача Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.