Победата на претседателските избори ќе значи и нова станица, односно предвремени парламентарни избори. На тие избори, оние кои се овде пред мене, сигурно ќе победат и тогаш заедно ќе започнеме нова ера во македонската историја. Зошто е важна последователноста на претседателските избори, за да му дадеме барем една шанса на премиерот Заев, барем еднаш во животот да си го исполни ветувањето за предвремени парлемантарни избори. Така ќе стане подобар човек и политичар, вели кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.