Драго ми е што аферата за имотот во Грција излегоа од медиум надвор од државата, за да не може да каже СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, туку тоа се информации од кредибилен медиум, истиот што објави фотографии од бугарскиот премиер Бојко Борисов, рече во синоќешното гостување во „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.Зоран Заев се обиде да изманипулира, рече дека тој лично не поседува имот, но во текстот многу јасно пишува дека сопственик на вилата е фирма блиска на брат му на Зоран Заев, со цел да се скрие трагата за да не се случи скандал. Значи тие претпоставиле дека овој ќе се брани и ќе ја ишка мувата од капата и во тексто му пишале дека не треба да се брани на тој начин. Јас мислам дека не треаб да ја потценуваме интелигенцијата на луѓето, зошто тие читаат што е напишано, рече Николоски.

Инаку, да му честитам на вкусот, исклучително добра локација, додаде смеејќи се Николоски и порача дека како се заработени парите за таа вила, ќе дојде ден и ќе се испита многу добро потеклото на целиот негов капитал.

Еве и јавно да го прашам, како што го прашував на секој митинг во нашата изборна единица – зошто бега од едно прашање? Прашањето е: Дали е во состојба Зоран Заев да го докаже сопственото потекло на капитал и на потеклото на капитал на неговото семејство и блиски? До денес, јас немам добиено одговор, рече Николоски и потсети дека меѓу 130-те закони поднесени во Собранието го нема и Законот за потекло на имот, едно од главните ветувања на СДСМ пред изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.