Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија. Мицкоски потенцираше дека Зоран Заев преговара за нешто кое што ниту има логика, ниту пак треба воопшто да биде тема на разговор.

Македонската нација постои многу подолго, со векови, отколку што велат бугарските политичари дека Македонците постојат од 1945 година па навака, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека бугарските политичари безкрупулозно пробуваат да протнат нешто кое што и самите знаат дека не е вистина, како на пример дека македонската нација е производ на коминтерната, односно дека опстојува од 1945г па до ден денешен. Мицкоски додаде дека би сакал да ги запраша оние кои преговараат во врска со националниот идентитет, дали доколку сопруг и сопруга од тоа време, едниот роден во 1943 година, а другиот во 1946 година не се Македонци?!

Дали повозрасниот бил Бугарин, а тој кој е подоцна роден бил Македонец, вели Мицкоски.

Исто така, Мицкоски додаде дека македонскиот јазик постои со век и векови наназад, македонскиот јазик не е нешто кое што се измислило пред стотина години, бидејќи просветителите го описмениле половина свет. Тоа, вели тој, доволно кажува за фактот дека Македонија и нејзината историја не смеат да бидат предмет на преговори.

Доколку Република Македонија имаше вистински премиер кој се бори и ги застапува правата на Македонците и македонскиот народ онака како што заслужуваат, ова немаше да се случува сега, вели Мицкоски.

Тој додаде дека Република Македонија сигурно би била подобра држава, економски стабилна, кога наместо да се распродава, дополнително би се градела и надградувала како останатите земји од развиениот Балкан, заврши Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.