Професорките  д-р Елка Јачева-Улчар, од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и  м-р Дарија Андовска од Факултет за музичка уметност испратија отворено писмо за обединување во кое ги повикаа поранешните претседатели, лидерите на партиите, сите Македонци и други националности што живеат во Македонија, како и  сите наши во дијаспората. Тие бараат политичките лидери уште вечерва заеднички да го повикаат сиот народ на улица за да им покажеме на Европа и на светот дека ова не е пуста територија која е подготвена за делба на маса.

Ви го пренесуваме писмото во целост:

Отворено писмо за обединување

До претседателите Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски

До лидерите на сите партии и движења во Македонија кои учествуваат во политичкиот живот на Македонија – парламентарни и непарламентарни: Христијан Мицковски, Африм Гаши, Зијадин Села, Димитар Апасиев, Солза Грчева, Љупчо Ристовски, Љупчо Палевски и др.

До сите чесни и родољубиви Македонци и други националности што живеат во Македонија и во дијаспората

Будно следејќи ја загрижувачката состојба во државата која во историјата на своето 75-годишно постоење го живее најдраматичниот момент во кој се загрозени не само националниот идентитет и самобитност, туку и суверенитетот на таковината којашто безмерно ја сакаме во сите нејзини разновидности и противречности, испраќаме апел до сите вас и ве молиме:

-Да се надминеме себеси и да се обединиме сите против намерите на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи за разнебитување на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја, фолклор и култура, воопшто!

Претседатели, седнете уште вечерва на заедничка маса и договорете се да го повикате сиот народ на улица за да им покажеме на Европа и на светот дека ова не е пуста територија која е подготвена за делба на маса;

– Побарајте од Европа да се држи до основните принципи врз кои почива, а особено врз најважното – човековото право за самоопределување!

Ве молиме!

Нашава молба сфатете ја како последен крик исфрален од нас пред распадот на Македонија!

Ве молиме!

Ова не е време за суети!

Ова не е време за барање виновници!

Веројатно вината е во сите нас: и кај политичарите, но и кај народот што премногу долго молчеше! За тоа ќе се договориме, натаму!

најважно од с’е сега, додека во софија и се крои судбината на македонија, е да се стави крај на безумната политика што ја води заев со дел од министрите во составот на македонската влада!

Ве молиме!

Да се обединиме! Само така обединети ќе можеме да ја кренеме на нозе нашата прекрасна татковина којашто сега е засрамена, понижена, ограбена, осиромашена и столчена од групи „неразбрани трговци“.

Во спротивно ќе ја нема Македонија која досега ни беше сѐ што имавме!

Да се обединиме! Во име на нашите предци, на нашата сегашност и на нашите потомци!

Да се обединиме!!!

проф. д-р Елка Јачева-Улчар, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
проф. м-р Дарија Андовска, Факултет за музичка уметност
П.С. Ве молиме за споделување и ширење по мрежава

ОТВОРЕНО ПИСМО ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, ЃОРГЕ ИВАНОВ, СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

ДО ЛИДЕРИТЕ НА…

Posted by Elka Jaceva-Ulcar on Saturday, 28 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.