Денеска со почеток од 11 часот ќе биде организиран протест пред министерството за здравство за да се изрази револт од лошата здравствена состојба во државата и неспособноста на властите поради што секојдневно умираат десетици граѓани како жртви на епидемијата.

Во 11:00 часот пред Министерство за здравство, во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“.

 

Протестот ќе се одржи со почитување на мерките за заштита од Ковид-19 со носење лична заштитна опрема – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.