Да беше Зоран Заев во 2001 година немаше да се случи тоа што се случи, искоментирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната конференција во Скопје по повод 20-годишнината од Рамковниот договор, како што им пренесе на присутните организаторот на настанот – првиот вицепремер Артан Груби.

Груби, најавувајќи го Заев како говорник, забележа дека тој имаше храброст да го потпише Преспанскиот договор во 2018 година и дополни – да беше во позиција во 2001 година сигурно ќе го потпишеше и Охридскиот договор. Кога Заев заврши со говорот, Груби се наврати на забелешката од почетокот, нагласувајќи:

Кога реков – да беше Заев во 2001 година сигурно ќе го потпишеше Рамковниот договор, Ахмети ми дошепна – да беше Заев немаше да се случи тоа што се случи во 2001 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.