На упорните “орди за казнување” за секој што ќе се израдува на Македонија, им недостасуваат многу факти во случајот “Коментаторот Тони”
Тони е КОМЕНТАТОР, негова работа е да КОМЕНТИРА.
Тоа не е спикерство, ниту “дескаџиско” пренесување на вест- изјава, со ограда кон настанот. Од него се очекува субјективен пристап.
Коментарство, само по себе е поблиску до репортерство, каде има субјективен момент, а многу повеќе до репортажа.
КОМЕНТАРОТ може некому да му се допаѓа, некому не, тоа е УМЕТНОСТ, субјективен поглед врз објективен настан. Вчера коментарот на Грузија гарант не славел, на пример.
И на сето ова ќе додадам, КОМЕНТАТОР се станува по долга, плодна и напорна кариера, проследени многу настани и случувања, кога медиумот има ДОВЕРБА во КРЕДИБИЛНОСТА, кон СТАВОВИТЕ на коментаторот.
Во случајот, Тони ја крена сета македонска јавност на нозе. Секој еден дозна за Тони, за Македонија, за натпреварот, за пласирањето на квалификациите. И, да, едвај чекаат да го слушнат за време на Европското.
Да беше во приватен моќен медиум, сега ќе добиеше 💯% бонус, подобар статус во медиумот и евентуално “паркинг место близу влезот”!
Ама тоа во нормални држави, во кои за колеги од колеги не се бара суспензија.
….
Видување од моето “скромно” новинарско искуство, со моето новинарско образование, мој став за целата фама по фудбалскиот пренос, напиша на Фејсбук, Наум Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.