Министерството за здравство информира дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19.

Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга. Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, се вели во соопштението на Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.