Дневните бројки на заболени од КОВИД 19 ќе растат уште две недели, а во почетокот на април се очекува овој бран да го достигне врвот. Тоа ќе трае десетина дена, а од средината на следниот месец, бројот на позитивни ќе се намалуваат, вели за Телма универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски во најновата математичко статстичка-анализа за епидемиолошката состојба во земјава.

Доколку се остане вака како што е од сегашните просечно 780 нови случаи на ден. во пикот би имале 1.100 во просек, со тоа што во одредени денови би имале и по 1300 и 1400 нови случаи. Но, може да биде проблем ограниченото тестирање. Моментално гледаме се процесираат 4400 тестирања на ден, а за да моижеме да ги регистрираме сите нови случаи треба да се прават по 5000 тестирања на ден, што не е јасно дали ќе се постигне, вели проф. д-р Дејан Трајковски, професор на техничкиот факултет во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.