Епидемиологот, доктор Александар Стојанов за Слободен печат вели дека една доза вакцина е подобра од ниедна, ама дефинитивно не создава целосна заштита.
“Од мерките не ми се јасни две работи.
Прво, зошто некој може да влегува во објекти до 45 дена одпрележаната болест. Што се случува на 46 тиот ден? Некои земји дозволуваат 8 месеци или 12 месеци попрележувањето.
Другиот момент што не ми е јасен е зошто со една доза може да се влегува. Една доза е подобра одниедна. Ама очигледно е дека не е доволна за заштита како што треба. Да немаше доволно вакцини, ќе разберев.Ама сега имаме вакцини и за да биде ефектот поефектен, треба да има втора доза. Сега се размислува иза трета доза. Важно ќе има и трета доза. Човек кој е вакциниран со една доза, да се однесува исто ко дане е вакциниран!
Многу е поголема шансата да фати ковид со една доза отколку со две. Тоа значи, до втората доза, да сеизбегнуваат гужви, да се носи маска и да се држи растојание-објаснува докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.