Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, денеска на заедничката прес-конфренција со министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во криза како оваа, со ковид-19 секогаш се добредојдени плус две раце.

Никогаш нема да бидеме задоволни од бројот на персонал во ваква криза. Секогаш се добредојдени плус две раце. Уморни сме, ни требаат дополнителни луѓе, секогаш ќе бидат добредојдени. Недостатокот на медицински кадар како во цел свет така и кај нас и во криза и вонкриза бил проблем. Ние максимално се трудиме, секој еден од нас кој работи во болниците да го дадеме својот максимум независно на која позиција работиме. Од исклучително големо значење е хигиеничарот во нашата клиника, транспортерот и болничарот, медицинските сестри, како и одделенските сестри кои го организираат процесот до секој еден од најмлад до најстар лекар кој го има своја функција во работењето и навистина го дава својот максимум во својата работа, изјави Стевановиќ.

Д-р Стевановиќ објсни дека времетраењето на лекувањето на ковид пациетите е различно, но во просек 16 дена се лекува средно-тешка клиничка слика, на заразен од Ковид-19, а многу повеќе време е потребно за тешките случаи, зошто кај тие пациенти и откако ќе станат негативни на вирусот, инфекцијата кај нив остава големи последици.

Оттука имате и еден индиректен одговор колкава е фрекфенцијата на приеми и на исписи. Навистина, исклучително рационално се користи секој кревет, секое едно легло на располагање на Клиниката, вклучувајќи ја тука и модуларната болница. Тоа оди во периоди – одеднаш се полни болницата, па за тој период се испишуваат пациенти. Секако сите ние сакаме пациетите да бидат излекувани, незвисно колку време тоа ќе трае, рече д-р Стевановиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.