Последната одлука на власта за делумен мониторинг е погрешна одлука, смета универзитетскиот професор доктор Зоран Спировски, кој се приклучи на кон критиките од лекарите за погрешните потези на надлежните со справување со епидемијата.

Во разговор за „Алфа“ тој предупредува дека избори во моментов се невозможни.

Од медицински аспект избори на 5 јули не се препорачливи, зошто треба да имаме период од отприлика 28 дена, според епидемиолошките правила, бројот на заболени од коронавирус да биде нула, или барем близу нула, вели Спировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.