Д-р Синиша Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше видео обаќање кое го пренесуваме во целост.

Драги пријатели,

Прогресијата на ширење на корона вирусот добива на интензитет, но сите заедно можеме да влијаеме на намалување на бројот на новозаразени и степенот на ризик.

Затоа потребни е превземање на сет дополнителни итни мерки.

Матичните лекари да добијат јасни и унифицирани насоки на делување.

Да прегледуваат само итни случаи и хронично болни пациенти со висок ризик.

Сите лекари да се стават во функција на здравствениот систем и да се достапни за болниците и инфективните одделенија.

Да се обезбеди адекватна заштитна опрема за целиот здравствен персонал што ќе биде на првата линија на удар и ќе биде изложен на највисок ризик.

Да се активираат пензионираните лекари, специјализантите и студентите по медицина.

Во секој град да се обезбеди и прецизно да се дефинира објект или простор за задолжителен карантин.

Да се само изолираат и да се ограничи непотребното движење на сите лица постари од 65 години кои се со висок ризик, за да се зачува нивното здравје.

Сите констуктивни предлози и совети ќе бидат достапни преку нашата комисија за здравство.

Да се однесуваме дисциплинирано, смирено, одговорно и совесно.  Затоа што секој живот вреди.

Од сите нас зависи!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.