Прим. д-р Жаклина Шопова, инфектолог, вработена на ЈЗУ „Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје, ртеагира на гостувањето на д-р Дејан Докиќ на ТВ при што зборуваше за справувањето со епидемијата на Ковид-19 во Македонија.

Го слушам проф. Докиќ во „Само вистина“ за справувањето со Ковид пандемијата и добивам впечаток дека никој, ама баш никој во светот не е спремен како нас!!!.. а замислете за да добиете некој на телефон за да го префрлите пациентот кој веќе има потреба за третман во неговата институција може да ѕвоните, и ѕвоните, и ѕвоните…

 

и на крај пациентот повторно ќе остане кај вас, бидејќи не сте го добиле ниту докторот пулмолог, кој го иницирал префрлањето на пациентот на Клиниката за пулмологија, ниту „фамозниот кординатор“ проф.Докиќ !!!

 

…најверојатно телефонот звони, но одговорниот за телефонот е недостапен! – реагира д-р Шопова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.