Кога СЗО алармира за превземање превентивни мерки, кога Европа веќе воведе и сроведува превентивни мерки за 5 тиот бран на Ковид пандемијава, Филипче кој досега го немаше по петти пат ништо не превзема за народот, за здравството!!! – коментира д-р Жаклина Шопова од Инфективната клиника во Скопје
Таа преку нејзиниот фејсбук профил запраша дали Филипче воопшто мисли во оваа енергетска криза која, како што вели, ни ја наметна оваа неспособна влада, за тоа дали по болниците во Републикава сите генератори се во исправна состојба, дали за истите има обезбедено доволно мазут…
Јас само да го потсетам дека голем процент на хоспитилизираните пациенти со Ковид се на неинвазивна вентилација, дел на респиратори за кои е потребна електрична енергија. Медицинскиот персонал колку и да сака да помогне, струја не може да произведе, ако не се вклучат генераторите!!! Немој како една од причините за смртноста која и така ни е голема, да ни биде и оваа негова пропуст! – коментира таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.