Стоматологот Ферди Шакири загинал во пожарот кој избувна вчера вечерта во модуларната болница во Тетово.
Во објавата на Фејсбук не е наведено во кое својство Шакири се нашол во монтажната болница, односно дали таму работел, бил како пациент или придружба на пациент.
Со длабока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 година трагично го загуби животот во синоќешниот поижар нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството, стои во објавата на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.