Ковидот зема повторен и посилен замав, вакцини нема, колективен имунитет нема…единствено има неспособност од оние што треба да нѐ штитат…и по Устав, и по морал… Повеќето земји го одложија пописот, токму поради пандемијата. Место да бројат граѓани и домаќинства, другите земји бројат вакцини и вакцинирано население…ние броиме гафови и скандали.

Зарем е логично да примиш човек дома, кога сопствените родители не ги примаш?! Народот ќе седи дома поради полициски час, а невакцинирани попишувачи ќе шетаат по домовите. Надвор од секоја памет, пишува д-р Серафимов.

Зарем не е подобро, прашува докторот, „да се обезбедат вакцини, да се направат мерки за подобро справување со пандемијата и во блиска (се надевам) иднина, да се направи попис со сите нишани. Вака освен граѓани ќе броиме и кластери – во полициски часови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.