Македонијо, Бог да ти е на помош, наредните денови влегуваме во најавуваниот најлош период на јавното здравство, коментира на фејсбук д-р Милан Ристески, поранешниот директор на Клини­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и он­ко­ло­ги­ја.

Од вчера во Македонија е прогласена кризна состојба. Денеска беа регистирани нови 1.112 позитивни на ковид-19 од 2.553 тестирања, што значи дека скоро секој втор тестиран бил позитивен. Од министерството за здравство инормираа и за нови 24 смртни случаи. Вечерва министерот Венко Филипче информираше дека во разговор со директорите на трите приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“ е договорено поранешната болница на „Систина“, Мала богородица да биде нов-ковид центар. Приватните болници ќе помогат со персонал и опрема, а сметката за лекувањето на пациентите ќе ја покрие државата.

Во еден од коментарите под статусот, д-р Ристески додава:

Само гледај да не се заразиш. Нема слободни кревети, нема персонал, нема нега, има само ‘тапшање’ по рамо од типот: се е под контрола? Каква идиотија, 2.300 сестри неврработени, а на болните нема кој да им помине вода да им однесе, низ цело здравство.

Македонијо, Бог да ти е на помош, наредните денови влегуваме во најавуваниот најлош период на јавното здравство

Posted by Milan Risteski on Sunday, 22 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.